• четврток, 29 август 2024

Салах закрепна од повредата, ќе игра на дербито со Манчестер сити

Салах закрепна од повредата, ќе игра на дербито со Манчестер сити

Ливерпул, 7 март 2024 (МИА) - Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах закрепна од повредата, објави тренерот на „Црвените“ Јирген Клоп.

- Тој е со нас. Салах тренира веќе два дена и е полн со енергија. Ајде да видиме. Но, одлично е што се врати. Ова е многу добро. Како што можете да видите, тој е среќен“, изјави Клоп за „Sky Sports“.

Салах се повреди на 18 јануари на натпреварот Египет - Гана (2:2) во Купот на Африканските нации. На 17 февруари играше на натпреварот помеѓу Ливерпул и Брентфорд (4:1) во Премиер лигата, но повторно се повреди.

Триесет и едногодишниот Египќанец има 19 голови и 10 асистенции во 28 настапи за Ливерпул оваа сезона.

Ливерпул на 10 март ќе го пречека Манчестер сити во 28. коло од Премиер лигата во дуело на двете водечки екипи кои заедно со Арсенал се претенденти за шампионскиот трофеј. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан