• среда, 28 август 2024

САД се подготвени да му помогнат на Израел во случај на војна со Хезболах

САД се подготвени да му помогнат на Израел во случај на војна со Хезболах

Вашингтон, 22 јуни 2024 (МИА) - Високи американски претставници им порачале на израелски претставници дека САД се подготвени да му ја дадат на Израел сета потребна поддршка во случај на војна на север со Хезболах, наведува Си-Ен-Ен.

Според извештајот на медиумската куќа, ова ветување му било пренесено на Израел на состанокот што оваа недела во Вашингтон го одржале американскиот секретар за стратешки прашања Рон Дермер и шефот на израелскиот Совет за национална безбедност, Чахи Ханегби, пишува „Џерусалем Пост“.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави вчера дека е многу загрижен поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и либанскиот Хезболах и дека мировните сили на ОН работат на смирување на ситуацијата и спречување на погрешни потези. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан