Русија го потврди притворот на Американецот Татер под обвинение за напад врз полицаец
- Рускиот суд денеска ја отфрли жалбата на американскиот државјанин Џозеф Татер против неговото апсење под обвинение за напад врз полицаец
Москва, 26 септември 2024 (МИА) – Рускиот суд денеска ја отфрли жалбата на американскиот државјанин Џозеф Татер против неговото апсење под обвинение за напад врз полицаец.
Татер првично беше уапсен во август и одлежа 15 дена затвор поради малтретирање на персоналот во хотел во Москва. Тој ги негира обвинувањата.
Потоа Татер нападна полицаец, што довело до иницирање нов случај против него. Тој може да биде осуден и до пет години затвор.
Татер е еден од најмалку десетината Американци кои моментално се во руски затвори. ми/
фото: МИА архива