• среда, 10 декември 2025

Рубенс Корубин и Јове Магдески добитници на третоноемвриските награди на Прилеп за животно дело

Рубенс Корубин и Јове Магдески добитници на третоноемвриските награди на Прилеп за животно дело

Прилеп, 28 октомври 2025 (МИА) -Рубенс Корубин и Јове Магдески се годинашни добитници на Наградата за животно дело што ја доделува Прилеп по повод празникот на градот, 3 Ноември - денот на конечното ослободување.

Корубин е основоположник на нео-романтизмот во светски рамки, а Магдески има особен придонес за фудбалот во Прилеп. На Магдески, наградата за животно дело му се доделува постхумно.

Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при прилепскиот Совет денеска ги соопшти и добитниците на третоноемвриските плакети и дипломи.

Добитници на наградата плакета по повод 3 Ноември се: компанијата „Микросам“ која одбележува 35 години постоење, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој има 75-годишен јубилеј, НВО „Hand Till Hand’’ од Шведска за хуманиот и општествен ангажман во здравствената заштита, Интеракт клубот при гимназијата „Мирче Ацев“ со млади ентузијасти за вреднување на солидарноста и хуманоста и здружението на граѓани, извиднички одред „Феникс“ кој одбележува 10 години постоење.

Наградата диплома „3 Ноември“ градот им ја доделува на поединци: Петре Кироваков, поет и активист во Здружението на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија, на д-р Биљана Консулоска Гвероска, автор на научни публикации од областа на земјоделството, агроекологијата и тутунопроизводството, на Владимир Ѓорѓиески, репрезентативецот во билијард и на новинарката Елизабета Митреска за особен придонес во новинарството. ем/вг/

 

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан