• понеделник, 13 јули 2026

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја

Хјустон, 17 јуни 2026 (МИА) - Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, им се обрати на навивачите пред првиот настап на Светското првенство 2026.

Вечер од 19 часот Португалија ќе игра против Демократска Република Конго. 

- Секој пат кога ќе го облечеме овој дрес, чувствуваме иста гордост, иста страст и исто чувство на одговорност како на првиот ден. Започнува ново поглавје. Работевме напорно за да стигнеме до оваа точка, а сега е време да дадеме сè за нашата земја и сите португалски заедници кои нè поддржуваат тука и низ целиот свет. Верувајте како што веруваме и ние! – објави Роналдо на своите социјални мрежи.

Во групната фаза на Светското првенство 2026 година, Португалија ќе се соочи и со Узбекистан (23 јуни) и Колумбија (28 јуни). зс/

Фото: ЕПА