• сабота, 31 август 2024

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Лондон, 1 мај 2024 (МИА) - Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан