• среда, 28 август 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на присуството на Филипче на поставување камен темелник за пазар во Струмица

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на присуството на Филипче на поставување камен темелник за пазар во Струмица

Скопје, 26 август 2024

Дали денес кога Венко стои до струмичкиот градоначалник за промоција на проект, дали не е заменик градоначалник?

СДС Христијан Мицкоски го нарекуваше заменик градоначалник кога промовираше проекти кои се ветени пред граѓаните. Тоа го правеа често бидејќи имаше проекти вредни за промоција.

Затоа прашуваме денес кога Венко Филипче стои до струмичкиот градоначалник за да се фали за пазарот дали не е заменик градоначалник наместо лидер на опозиција?

Какво е чуството кога ќе стане жртва на сопствените манипулации и пропаганди?

Дали има или целосно отсуствува чуството на срам?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан