• четврток, 27 февруари 2025

Работилница на Регионалната антикорупциска иницијатива: Младите луѓе имаат потенцијал да донесат нова енергија и интегритет во политичкиот процес и борбата против корупцијата

Работилница на Регионалната антикорупциска иницијатива: Младите луѓе имаат потенцијал да донесат нова енергија и интегритет во политичкиот процес и борбата против корупцијата

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Доброто лидерство и неговата улога во антикорупциските напори беше тема на која денеска дискутираа над 30 млади политичари и политички активисти учествуваа на настанот „Western Balkans Next Gen: Водејќи ја борбата против корупцијата“, организиран од Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI) во партнерство со Регионалниот совет за младинска соработка (RYCO).

Раководителот на Регионалната координативна канцеларија за техничка соработка на Австриската амбасада, Дејвид Мукенхубер, кој го отвори настанот во име на Австриската развојна соработка, ја истакна континуираната посветеност на Република Австрија на напорите за борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан.

Директорката на Секретаријатот на РАИ, Десислава Гоцкова, ги поздрави учесниците и ја истакна улогата на младите луѓе во градењето подобра иднина за регионот.

-Младите луѓе кои се со нас овде денес имаат потенцијал да донесат свежи перспективи, нова енергија и, што е најважно, интегритет во политичкиот процес. Сепак, со овој потенцијал доаѓа и одговорноста да се води со чесност, транспарентност и непоколеблива посветеност во борбата против корупцијата во сите нејзини форми. Како идни лидери, нашите учесници имаат моќ не само да ја оспоруваат корупцијата, туку и да градат нови структури на управување каде транспарентноста, одговорноста и етичкото однесување се норма, а не исклучок, истакна Гоцкова.

RYCO даде поддршка во одржувањето на настанот, како партнерска организација посветена на промовирање на учеството на младите во регионот на Западен Балкан. 

-Денес, повеќе од кога било, младите од Западен Балкан се активно вклучени во општествениот живот и се залагаат за промени. Тие се гласни за прашања како што се социјалната нееднаквост, правата на младите и борбата против криминалот, вклучително и корупцијата, која како долгорочно прашање корупцијата бара сеопфатен, повеќесекторски одговор. Ако имаме за цел да ја промениме перцепцијата за корупцијата од прифатена норма во признаено кривично дело, мора да работиме заедно за да ја демистифицираме и јасно да го објасниме нејзиното негативно влијание. Вклучувањето на младите мора да остане приоритет во овој процес, рече генералниот секретар на RYCO, Алберт Хани.

Учесниците имаа можност да бидат дел од интерактивни презентации кои ги истражуваа темите како што се транспарентноста и отчетноста, градењето доверба меѓу младите и владата и соработката помеѓу владата и граѓанските организации. Последниот дел од настанот беше посветен на работилници на кои присутните млади разговараа за релевантни прашања поврзани со корупцијата. 

Настанот е прв од серијата од шест настани ориентирани кон младите организирани во рамките на проектот Југоисточна Европа-Заедно против корупција II (SEE-TAC II), финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства од Австриската развојна соработка. Проектот е имплементиран од Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC). вг/са/

Фото: Регионална антикорупциска иницијатива 

Остани поврзан