• четврток, 29 август 2024

Прослава на патронот на манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка

Прослава на патронот на манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка

Крива Паланка, 29 август 2024 (МИА) - Во манастирскиот комплекс кај Крива Паланка денескa се прославува денот на патрон светецот, закрилник на градот, Свети Јоаким Осоговски.

Утрово се одржа Света архиерејска литургија по повод празникот на патрон - светителот на манастирот, светецот заштитник на Крива Паланка, чијшто спомен денескa го чествува Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Со Светата архиерејска литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан, во сослужение со  митрополитот Кумановско - oсоговски г.Григориј, заедно со свештенослужители од соседните православни цркви.

На литургијата присуствуваа голем број верници, присутен беше и градоначалникот на Општина Крива Паланка, кој упати честитка до граѓаните и верниците, со желба празникот донесе мир, здравје и спокој во секое семејство и дом.

Во текот на вчерашниот ден во манастирот и храмот посветен на Богородица, беше прославено Успението на Пресвета Богородица. Пред почетокот на Божествената lитургија, Славчо Арсов, од страна на митрополитот Кумановско-Осоговски беше ракопроизведен во чин чтец.

На Божествената литургија, многубројниот верен народ се причести, беше осветен и храмот посветен на Раѓањето на Пресветата Богородица.

Од Кумановско-oсоговскаta епархија најавија и обновување на најстариот конак во манастирскиот комплекс „Бини", разурнат во 18 век, кој ќе се обнови за потребите на монашкиот живот во ова вековно духовно светилиште во Осоговието.

Синоќа на градскиот плоштад во Крива Паланка беше организиран и голем празничен концерт на кој присуствуваа илјадници посетители, гости на градот од земјава и странство.ид/са/

Фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан