Проданоски: Во населбата Волково во Прилеп ќе изградиме излетнички центар на површина од 30 000 метри квадратни
- Паркот во Волково ќе биде излетнички центар со содржини за сите генерации, има пешачки и велопатеки, детски игри, фитнес зони и простор за одмор.
Прилеп, 12 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп Дејан Проданоски најави изградба на излетнички центар на површина од 30 000 метри квадратни во населбата Волково во Прилеп, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.
Овде го градиме најголемиот парк во Прилеп!
Паркот во Волково ќе биде излетнички центар со содржини за сите генерации, има пешачки и велопатеки, детски игри, фитнес зони и простор за одмор.
Ова ќе биде место каде се среќаваат семејството и пријателите. Со еко решение и соларно осветлување го градиме најчистиот парк во градот.
Паркот ќе биде жив простор и ден и ноќ. Со светло, живот и зеленило. Ова е место за одмор, енергија и природа во срцето на Прилеп. Ова е вистинскиот избор, парк Волково каде Прилеп дише зелено.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ