• сабота, 31 август 2024

Примопредавање на донација од Турција за Армијата во касарната „Илинден“

Примопредавање на донација од Турција за Армијата во касарната „Илинден“

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска, во 10:30 часот, ќе се изврши примопредавање на донација на опрема од Република Турција за потребите на Армијата.

На настанот свое обраќање ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој.

Турската донација се состои од дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема. ир/вг/


Фото: МИА архива

Остани поврзан