• сабота, 31 август 2024

Приведен разбојник од Скопје, одреден му е притвор

Приведен разбојник од Скопје, одреден му е притвор

Скопје, 6 септември 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Полициската станица Аеродром вчера на бул „Јане Сандански“ го лишиле од слобода Т.С.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. 

Како што известуваат од МВР, по преземени мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, утврдено е дека во понеделникот  со закана кон вработената одзел пари од продажен објект во истиот реон. 

Лицето било изведено пред судија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан