• среда, 09 јули 2025

Приведен прилепчанец поради криумчарење тутун и текстил

Приведен прилепчанец поради криумчарење тутун и текстил

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници, по претходно добиени оперативни сознанија, вчера на патот Демир Хисар - Кичево сопреле товарно моторно возило „цитроен" со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39)  од Прилеп. При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока - 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил, соопшти МВР.

Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка. С.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот,  против него ќе биде поднесена соодветна пријава./

Фото: МВР

Остани поврзан