Приведен кавадарчанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
- Полицијата синоќа го лишила од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци. Тој со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци.

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Полицијата синоќа го лишила од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци. Тој со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци.
Како што информира денеска МВР, по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“. мд/аа/
Фото: МИА архива