• сабота, 23 ноември 2024

ПП Левица: Продолжуваат политиките на ДУИ - Меџити го промовираше спорниот Буквар на албански јазик

ПП Левица: Продолжуваат политиките на ДУИ -  Меџити го промовираше спорниот Буквар на албански јазик

Скопје, 2 септември 2024

 


Во 2022 година од страна на МОН и БРО беше одобрен Букварот на албански јазик. Станува збор за заеднички буквар на Албанија и Косово, изготвен од тимот автори: Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза ​​Бабасули, од кои двајца се од Косово, двајца од Албанија, а ниту еден од Македонија, што е и логично, бидејќи букварот е резултат на соработката меѓу министерствата за образование на Албанија и министерството за образование на Косово.

Тоа што не беше јасно тогаш - како и зошто се случил преседан да се преземе странски учебник во редовна настава која мора да биде унифицирана за сите ученици во државата, без оглед на наставниот јазик, не е одговорено ниту денес, кога спорниот учебник е веќе пуштен во употреба, како што утрово на социјалните мрежи се пофали министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој им го дистрибуирал Букварот на албански јазик на првоодделенците во ОУ „Лирија“ во општина Чаир. 

Намерите на ВРЕДИ се јасни: политичка промоција и постепена операционализација на големоалбанските идеи преку сегрегација и индоктринација на децата уште од најмала возраст. 

Јасно е и дека власта предводена од ВМРО- ДПМНЕ дозволува да се девастираат сите институции, да се реализираат големоалбански идеи во државните училишта за државни пари, само за да се биде на власт од  лукративни причини. 

Со почит, 
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан