• недела, 25 август 2024

По 15 години повторно се слуша езан од старата џамија во село Долно Косоврасти

По 15 години повторно се слуша езан од старата џамија во село Долно Косоврасти

Дебар, 24 август 2024 (МИА) – Во дебарското село Долно Косоврасти, по 15 години, од неодамна повторно се слуша езан од старата џамија, откако беше целосно реновирана, со залагање на џамискиот одбор и благодарение на финансиската поддршка на иселеник од ова село.

- По деценија и пол џамијата повторно е во функција, на големо задоволство на жителите. Успешно е реновирана и таа доби нов сјај и убавина, благодарение на нашиот соселанец Ремзит Равманоски, кој живее и работи во Словенија, каде има свој бизнис. Секако во активностите помогнаа и жителите. Посакувам Алах да ги награди сите кои помогнаа во реновирање на нашата џамија, рече за МИА, Орхан Рамаданоски одговорен на џамискиот одбор.

Сега тука секојдневно се одржуваат молитви, како и  исламски предавања од страна на имами. 
Објектот е изграден во 1929  година, а првпат бил реновиран 1976 година. Селото со околу 1600 жители има и нова џамија, но, како што велат, посебно емоционално се поврзани со старата или горна џамија. вт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан