• понеделник, 26 август 2024

По 11 денови изгаснат пожарот на островот Мадеира

По 11 денови изгаснат пожарот на островот Мадеира

Лисабон,  25 август 2024 (МИА) - По 11 дена пожарникари успеаја да стават под контрола голем шумски пожар на португалскиот остров Мадеира, но властите денеска соопштија дека пожарникарите ќе останат на терен за да спречат евентуално повторно разгорување.

Во пожарот, што избувна на 14 август, изгореа повеќе од 5.000 хектари вегетација, главно во планинските области каде што теренот е непристапен.

Локалните власти соопштија дека во пожарот нема повредени, ниту има изгорени куќи или големи оштетувања на инфраструктурата, а ЕУ обезбеди два канадери-авиони што помогнаа во гаснењето на пожарот.зш/

Остани поврзан