• четврток, 15 мај 2025

Почна санација на подлога на Соколански парк во Куманово, два дена ќе биде затворен за јавност

Почна санација на подлога на Соколански парк во Куманово, два дена ќе биде затворен за јавност

Куманово, 29 април 2025 (МИА) - Почна санацијата на подлогата на Соколански парк во Куманово, поради што во наредните два дена паркот ќе биде затворен за јавноста, информираа денеска надлежните.

- Од вчера започна санација на подлогата во Соколански парк, од страна на фирма „Интеко“ дооел Скопје. Поради извршување на активностите во период од 28 до 30 април, годинава, целиот парк во овој период ќе биде затворен. Ги замолуваме граѓаните да имаат разбирање и да не го посетуваат паркот во овие денови, повика кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Соколански парк се реконструира извесен период, беше заменета подлогата, по што беше обновена и урбаната опрема која често е мета на вандалско однесување. Во 2023-та општината одвои скоро 15 милиони денари за санација на паркот. Во непосредна близина е и Соколана спортскиот објект кој етапно се реконструира. ам/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан