• сабота, 24 август 2024

Почина новинарот Исуф Кадриу

Почина новинарот Исуф Кадриу

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Новинарот Исуф Кадриу, заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат, ненадејно почина денеска на 52-годишна возраст, во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде бил на одмор со семејството.

Кадриу средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана.

Од 2008 година беше заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат во информативната програма.

Исуф Кадриу кариерата ја започнува во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 до 2008 година работи како уредник на вести во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија.

Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во Македонија, од 2001 година Кадриу беше постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде што известуваше за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава.

Кадриу зад себе остави сопруга и три деца. дма/ев/

 

Остани поврзан