• понеделник, 26 август 2024

Полското Министерство за одбрана внимателно ја следи ситуацијата на границата со Белорусија

Полското Министерство за одбрана внимателно ја следи ситуацијата на границата со Белорусија

Варшава, 20 јули 2023 (МИА) - Полското Министерство за одбрана соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата долж границата со Белорусија и дека е подготвено за различни сценарија, пренесуваат британските медиуми.

Соопштението беше објавено откако стана јасно дека руската платеничка група „Вагнер“ изведува вежби заедно со белоруската армија во близина на границата со Полска.

„Границите на Полска се безбедни, ја следиме ситуацијата долж нашата источна граница и подготвени сме за различни сценарија во зависност од развојот на ситуацијата“, се наведува во текстот на полското министерство. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан