• среда, 25 септември 2024

Повеќе од 25.000 мигранти прешле Ламанш во Британија од почетокот на годината

Повеќе од 25.000 мигранти прешле Ламанш во Британија од почетокот на годината

Лондон, 23 септември 2024 (МИА) - Повеќе од 25.000 мигранти стигнале на британскиот брег од почетокот на 2024. година, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.

Оваа година е особено тешка поради бројот на настраданите, при што 46 лица загинале во обидот да го преминат Ламанш во несигурни чамци.

Повеќе од 1.400 мигранти тргнале од Франција и го преминале Ламанш во текот на викендот, со што вкупниот број на преминувања изнесува 25.052 преминувања од јануари, соопшти британското Министерство за внатрешни работи.

Тоа е четири проценти повеќе од истиот период минатата година, но 21 проценти помалку во однос на бројот на преминувања регистрирани во истата временска рамка 2022 година, рекордна година кога преку Ламанш во Британија пристигнале 45.000 мигранти. ссм/

фото: архива

Остани поврзан