• вторник, 27 август 2024

Пет мигранти од Мароко откриени во товарен воз кај Криволак

Пет мигранти од Мароко откриени во товарен воз кај Криволак

Неготино, 26 август 2024 (МИА) - Пет мигранти од Мароко биле откриени вчера во товарен воз кај Криволак, соопштија денеска од СВР Велес. 

- Вчера во 12.20 часот на Железничка станица Криволак, при запирање на товарен воз кој сообраќал на релација Граничен премин Богородица – Граничен премин Табановце, полициски службеници од Полициската станица Неготино пронашле пет лица мигранти од Мароко. Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово,  за понатамошна постапка, информираа од СВР Велес. свд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан