• среда, 28 август 2024

Осуммина загинати во пожар во хостел во Москва

Осуммина загинати во пожар во хостел во Москва

Москва, 28 јули 2022 (МИА) - Најмалку осум лица загинаа синоќа во пожар во зграда во Москва, соопштија руските власти, прецизираjќи дека пожарот избувнал во хостел.

Првичните податоци укажуваат и дека уште четири лица се хоспитализирани.

Во друго соопштение, спасувачките служби посочија дека пожарот го зафатил најнискиот кат од 15-катница. Над 200 луѓе мораа да бидат евакуирани.

„Решетките на прозорците ги спречија луѓето да се спасат - ова е главната причина за смртните случаи“, изјави Андреј Румјанцев, привремен шеф на спасувачките служби во Москва.

Тој додаде дека алармот за пожар во хостелот не се вклучил, а при контролите на зградата во 2019 година и во јуни истата година биле констатирани прекршувања на безбедносните стандарди. паг/

Остани поврзан