• сабота, 31 август 2024

Опозицискиот лидер во Венецуела ќе ја информира ЕУ за резултатите од гласањето на изборите

Опозицискиот лидер во Венецуела ќе ја информира ЕУ за резултатите од гласањето на изборите

Каракас, 29 август 2024 (МИА) - Лидерот на венецуелската опозиција Едмундо Гонзалес Урутија ќе ги информира денеска министрите за надворешни работи на ЕУ преку видео врска за тврдењата дека раширената измама го нарушила реизборот на претседателот Николас Мадуро минатиот месец, изјави првиот дипломат од блокот.

„Ситуацијата во Венецуела е критична. Затоа го поканив Едмундо, кандидатот кој презентираше резултати кои покажуваат дека Мадуро не победи на овие избори, изјави за новинарите во Брисел шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој додаде дека ЕУ е „многу загрижена од ситуацијата на лидерите на опозицијата“ во Венецуела, кои виделе членови на тимот „уапсени и исчезнати“.

Лидерот на Венецуела, Мадуро повика на апсење на Гонзалес Урутија, кој не е виден во јавноста од маршот на опозицијата на 30 јули.

Марија Корина Мачадо, која Гонзалес Урутија ја замени на гласачкото ливче откако и беше забрането да се кандидира, се појави вчера во јавност за да го предводи протестот против реизборот на Мадуро.

Не се очекува одлука на неформалниот состанок на ЕУ, но Борел сепак рече дека се надева оти 27-те земји-членки можат да постигнат заеднички став за исходот од гласањето. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан