• среда, 28 август 2024

Објавена Шангајската листа за 2024, и годинава ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 1.000

Објавена Шангајската листа за 2024, и годинава ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 1.000

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - На врвот на најновото рангирање на универзитетите во светот во 2024 година на Шангајската листа и натаму се универзитетите од САД Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ). На листата меѓу првите илјада универзитети во светот и годинава нема ниту една македонска високообразовна установа.

Во првите десет, само два се од Европа, и тоа британските Кембриџ, на 4-то место и Оксфорд на шестото место. 

На врвот на најновото рангирање на универзитетите во светот во 2024 година на Шангајската листа и натаму се универзитетите од САД Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ

Од регионот, Белградскиот универзитет се најде на позиција помеѓу 401-500 место, односно бележи пад од минатата година кога беше рангиран помеѓу 301-400 место. Во меѓувреме, Универзитетот во Нови Сад се задржа на позиција помеѓу 901 и 1.000 место.

На позиција помеѓу 401-500 место се најде Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Љубљана на 501-600 место. Истовремено, на листата оваа година се најдоа шест грчки универзитети, меѓу кои најдобро рангиран е Атинскиот помеѓу 301-400 место. Освен македонски, на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Бугарија и Албанија.

Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година. Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000. аа/бак/

Фото: принтскрин

Остани поврзан