• четврток, 29 август 2024

НСИ: Бугарите во јули најмногу патувале во Турција, а во Бугарија имало најмногу турски туристи

НСИ: Бугарите во јули најмногу патувале во Турција, а во Бугарија имало најмногу турски туристи

Софија, 28 август 2024 (МИА/БТА) – Во јули годинава се задржа трендот забележан во јуни, бројот на патувања на Бугарите во странство да го надмине оној од истиот период во 2019 година, а кај посетите на странци во Бугарија вредностите заостануваат зад добрата година за бугарскиот туризам, и покрај тогаш забележаниот пад на годишна основа, се вели во референца во Националниот статистички институт (НСИ).

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Патувањата на бугарските државјани во странство во јули 2024 година биле 861,8 илјади или за 5 отсто повеќе од јули 2023 година, соопшти денеска НСИ. За споредба, патувањата на Бугарите во јули 2019 година биле 779,5 илјади или 7,2 отсто повеќе од оние регистрирани во јули 2018 година, се вели во извештајот на НСИ.

Во јули 2024 година, бројот на посети на странски државјани на Бугарија изнесува 1.898,4 илјади или за 3,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, додека во јули 2019 година бројот на посети на странци во земјава изнесува 2.083,1 илјада или 3,2 отсто помалку во однос на јули 2018 година.

Во јули 2024 година, најголем број патувања на Бугарите биле направени во: Турција – 241,0 илјади, Грција – 218,2 илјади, Романија – 64,2 илјади, Германија – 55,8 илјади, Србија – 45,5 илјади, Франција – 37,5 илјади, Италија – 31,6 илјади, Австрија – 23,2 илјади, Шпанија – 23,0 илјади, Република Северна Македонија – 15,8 илјади. Референцата во НСИ покажува дека во истиот месец од 2019 година Бугарите главно патувале во: Турција – 181,3 илјади, Грција – 160,7 илјади, Германија – 71,5 илјади, Романија – 69,8 илјади, Србија – 37,3 илјади, Република Северна Македонија – 34,9 илјади, Италија – 27,7 илјади, Австрија – 23,5 илјади, Обединетото Кралство – 21,9 илјади, Шпанија – 19,3 илјади.

Најголем удел во вкупниот број патувања на бугарски државјани во странство во јули 2024 година имаат патувањата за одмор и екскурзија – 47,4 отсто, потоа следат патувањата за други намени – 37 отсто, а со деловна намена – 15,6 отсто цент. Во јули 2019 година најголем релативен удел имаат патувањата со други намени (посета, студирање, присуство на културни и спортски манифестации) – 40,7 проценти, потоа следат оние за одмор и екскурзија – 39,7 проценти, а со официјална намена – 19,6 отсто, се вели во референца во НСИ.

Уделот на граѓаните од Европската унија кои ја посетиле Бугарија во јули 2024 година е 50,3 отсто од вкупниот број странски државјани и достигнува 954,1 илјади, со најголем број посети на граѓани од Романија – 28,6 отсто, Германија – 17,1 отсто, и Полска – 10 отсто. Посетите на граѓаните од групата „Други европски земји“ се 739,8 илјади или 39 отсто од сите посети на Бугарија. Најголем број посетила Турција – 276,4 илјади или 37,4 отсто од посетите во оваа група, а по неа е Украина – 245.622. Посетите од Руската Федерација биле вкупно 14.983.

Најмногу посети во јули 2024 година во Бугарија направиле граѓани на: Турција – 276,4 илјади, Романија – 273,2 илјади, Украина – 245,6 илјади, Германија – 162,7 илјади, Полска – 95,2 илјади, Србија – 87,6 илјади, Грција – 75,0 илјади, Чешка – 60,8 илјади, Обединетото Кралство – 57,4 илјади, Холандија – 40,3 илјади.

Референцата во НСИ укажува дека уделот на граѓаните на Европската унија кои ја посетиле Бугарија во јули 2019 година бил 60,1 отсто, или 5,2 отсто помалку во споредба со истиот месец од претходната година. Потоа има зголемување на посетите од Обединетото Кралство – за 21 отсто, Ирска – за 19,1 отсто, Унгарија – за 6,5 отсто, Романија – за 6,1 отсто, Шпанија – за 3,5 отсто, Франција – со 1,6 отсто. Намалување има и кај посетите на граѓаните од Чешка за 13,9 отсто, Германија за 12,9 отсто, Полска за 11,6 отсто, Грција за 7,6 отсто. Кај посетите на граѓаните од групата „Други европски земји“ е забележано намалување од 0,2 отсто, при што најголемо е намалувањето на посетите на граѓаните од Руската Федерација – за 15,7 отсто.

_______________________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан