• петок, 20 јуни 2025

Неготинско има потенцијал за екотуризам, меѓународна конференција во Неготино

Неготинско има потенцијал за екотуризам, меѓународна конференција во Неготино

Неготино, 16 мај 2025 (МИА) -  Неготинско има потенцијал за екотуризам, беше кажано на денешната меѓународна конференција во Неготино, на која учествуваат експерти од повеќе држави. Се разговара за потенцијалот за екотуризам низ промоција и конзервација на природното богатство на неготинската општина, што говори за биодиверзитетот од минатото.

Интернационалниот настан е организиран од регионалното еколошко друштво „Ековита“ и „Макгеопарк“, а конференцијата е финансирана од Централната европска иницијатива. 

Во рамки на конференцијата, утре учесниците ќе го посетат неготинското село Вешје. 

- Вешје, каде што се наоѓа и нашата рурална канцеларија, е богато со природни богатства и реткости, фосили стари милиони години,  што можат да се искористат во развој на биолошкиот и палеонтолошкиот туризам, а говорат за животот некогаш и за тоа како климатските промени низ годините влијаеле врз биодиверзитетот, подвлече Кристина Тодорова, дипломиран агроном инженер и долгогодишен еко активист од Неготино. 

Владо Србиновски од „Балканиа“, балканска асоцијација за алтернативен туризам, рече дека туризмот активно придонесува за подобрување на просперитетот на локалната заедница. 

- Туризмот и земјоделството се најголеми компаративни предности за рурален и економски развој на Македонија, истакна тој. свд/мд/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан