• четврток, 29 август 2024

На РТС и Пинк, Си Џинпинг и Путин, на Н1 Бајден: Кого фаворизираат телевизиите во информативните емисии?

На РТС и Пинк, Си Џинпинг и Путин, на Н1 Бајден: Кого фаворизираат телевизиите во информативните емисии?

Белград, 28 август 2024 (МИА) - Во информативните емисии на телевизиите со национално покривање (РТС, Пинк, Прва, Хепи и Б92) и на кабелскиот канал Н1, според мониторингот на Бирото за општествени истражувања (Бироди) најпозитивно застапени актери во Србија од земји кои според Фридом хаус имале статус на неслободни земји, се Кина и Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Според истражувањето на Бироди кое траеше од 1 декември 2022 година до 31 мај годинава, најмногу позитивно време добија претседателот на Кина, Си Џинпинг (70,1 отсто од позитивното време) и Кина како земја (61,9 отсто од позитивното време). На трето место е Владимир Путин како претседател на Русија со 46 отсто позитивно време, додека на четврто е Русија како земја со 29,6 отсто позитивно време.

Зад Русија се Соединетите Американски Држави со 22,5 отсто позитивно време, додека Европската унија, чиј член сака да биде Србија, доби (само) 1/6 (15,9 отсто) позитивно време во во однос на вкупното време низ кое беше претставена во анализираните дневници.

Како што наведува Бироди, за време на мониторингот, Франција била застапена со 17,9 отсто, а Германија со 13,2 отсто позитивно време. НАТО во периодот на мониторинг во анализираните дневници беше застапен со 1,7 отсто позитивно време, а КФОР со 7,5 отсто позитивно време.

-Гледајќи ги телевизиите, евидентно е дека триото Кина, нејзиниот претседател Си Џинпинг и Путин како претседател на Русија се актери со најмногу позитивно време на РТС, Пинк и Хепи, додека на телевизиите Прва и Б92 Кина како земјата беше лидер во однос на процентот на позитивно време и нејзиниот претседател Си Џинпинг. 

-Треба да се нагласи дека претседателот на Кина за година и пол време не е претставен ниту една секунда негативно на ниту една телевизија со национално покривање, се наведува во соопштението на Бироди.

Во случајот со Н1, најпозитивно претставен актер беше американскиот претседател Џо Бајден, со 49 отсто позитивно време, додека Германија беше на второ место со 18,9 отсто позитивно време, а САД беа на трето место со 13,6 отсто од позитивно време. об/

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан