• среда, 28 август 2024

Намален бројот на превезени патници со автобус

Намален бројот на превезени патници со автобус

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Во второто тримесечје од 2024 година, во патничкиот патен превоз биле превезени вкупно 10 686 илјади патници, што е намалување од 15.1 %. во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статстика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14.5 %, во приградскиот превоз за 16.5 %, во меѓуградскиот превоз за 9.9 %, а во меѓународниот превоз е намален за 30.3 %.

Во второто тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 19.5 %.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13.6 %, во приградскиот превоз е намален за 13.7 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 0.9 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29.7 %.са/

Фото: МИА

Остани поврзан