• сабота, 31 август 2024

Наковска-Бикова на прием во Агенцијата за млади и спорт

Наковска-Бикова  на прием во Агенцијата за млади и спорт
Скопје, 21 март 2022 (МИА) - Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска ја прими македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, која го освои златниот медал на Европското првенство во стрелаштво во Хамар, Норвешка. Честитајќи и за златниот медал, Мојсовски на средбата со Наковска-Бикова истакна дека остварувањата на сите членови на тимот спортисти кои настапија на европското првенство се за респект и им врачи плакети за остварениот успех. - Особено радува фактот што Наковска-Бикова го повтори својот успех, 21 година по освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Данска во 2001 година, а плановите за наредните настапи на Светскиот куп во Франција во јули и светското првенство во Обединетите Арапски Емирати во ноември се освојување на норма за наредните Олимписки игри. Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со поддршката како на финансиски план така и со подобрување на инфраструктурата како услов за подобри подготовки, рече Мојсовски. Покрај златото, на ЕП освоена е и бронзата во дисциплината Микс тим 10м воздушен пиштол, во која настапуваат двајца спортисти како тим (по една стрелачка и еден стрелец), каде настапија Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов. Тренерот Бранимир Јовановски истакна дека поддршката која Федерацијата ја добива од Агенцијата за млади и спорт е од пресудно значење за подготовки и учество на меѓународни настани на спортистите. зс/

Остани поврзан