Над 50 мигранти исчезнаа во Средоземно Море
- Повеќе од 50 луѓе исчезнаа во Средоземно Море откако се преврти брод во Средоземно Море, соопшти туниското Министерство за одбрана
Тунис, 18 мај 2021 (МИА) - Повеќе од 50 луѓе исчезнаа во Средоземно Море откако се преврти брод во Средоземно Море, соопшти туниското Министерство за одбрана.
Бродоломот го преживеале околу 30 луѓе, од кои најголемиот број се од Бангладеш и тие се префрлени на нафтена платформа во јужен Тунис.
На бродот имало околу 90 мигранти кои во неделата од Либија тргнале кон Европа. ми/