• петок, 27 септември 2024

Млади битолчани социјални претприемачи партнери за раст на креативните индустрии

Млади битолчани социјални претприемачи партнери за раст на креативните индустрии

Битола, 26 септември 2024 (МИА) - Центарот за локални иницијативи почна со имплементација на како што велат, амбициозен проект „Млади социјални претприемачи: Партнери во растот на креативните индустрии", е финансиран од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.

Станува збор за проект чија цел не да ги инспирира младите луѓе  и да ги поттикне да размислуваат подлабоко за можностите кои ги нуди социјалното претприемништво во рамки на креативните индустрии.

-Главната цел на проектот е да се испита и оцени нивото на свесност и разбирање за социјалното претприемништво меѓу младата генерација, особено во полето на креативните индустрии. Преку истражување и анализирање на мислењата на средношколците, проектот ќе добие увид во тоа колку младите се запознаени со овој концепт и како можат да ги применат своите креативни способности за социјално добро. Проектот ги вклучува и активностите кои ќе им помогнат на учениците да го разберат значењето на социјалното претприемништво како остварлива патека за личен и професионален развој, информираа од ЦЛИ-Битола.

Во рамките на проектот е спроведено истражување кое ќе го опфати мислењето и перцепцијата на средношколците за улогата на креативните индустрии во развојот на општеството.

-Проектот ќе ги поттикне младите да размислуваат креативно и иновативно, да разберат како нивната креативност може да биде алатка за позитивна промена во општеството, и како можат да го искористат социјалното претприемништво за да создадат одржливи решенија за предизвиците со кои се соочува заедницата, информираа од Центар за локални иницијативи-Битола.

Според прелиминарните резултати од истражувањето, голем дел од младите во Битола имаат основно познавање за социјалното претприемништво и креативните индустрии, а поголем дел од учениците сметаат дека е важно да се воведат часови и активности кои ќе ги опфатат овие области, со цел да се развијат нови вештини, корисни во иднина.мт/са/

Фото: ЦЛИ-Битола

Остани поврзан