• среда, 28 август 2024

Мицкоски во посета на рударските општини Пробиштип и Македонска Каменица

Мицкоски во посета на рударските општини Пробиштип и Македонска Каменица

Македонска Каменица, 28 август 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и Денот на македонските рудари беше во посета на рударските градови, Пробиштип и Македонска Каменица.

Тој од Македонска Каменица меѓу другото испрати порака дека периодот што следи ќе има многу предизвици.

- Во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази седум години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе седум години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднашка дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови, изјави Мицкоски.

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски истакна дека околу 80 проценти од населението работат или индиректно се поврзани со рудникот за олово и цинк Саса. Празникот Успение на Пресвета Богородица се прославува со литургии во црквата, а има и низа на културно-уметнички настани, по повод Денот на рударите. вдј/цр

Фото: МИА

 

Остани поврзан