• сабота, 31 август 2024

Министерството за правда на САД: ФБИ не ги истражи соодветно случаите на сексуална злоупотреба на деца

Министерството за правда на САД: ФБИ не ги истражи соодветно случаите на сексуална злоупотреба на деца

Вашингтон, 29 август 2024 (МИА) – Канцеларијата на Генералниот инспектор на американското Министерство за правда (ОИГ) денеска соопшти дека ФБИ не истражила соодветно некои случаи на сексуална злоупотреба на деца или не биле  пријавени некои наводи за насилство до владата и социјалните служби.

Главниот иследник на Министерството за правда, Мајкл Хоровиц изјави дека неговата канцеларија извршила нов преглед на 327 наводи за сексуална злоупотреба на деца пријавени до ФБИ во периодот од октомври 2021 до февруари 2023 година и пријавил 42 или 13 отсто од прегледаните инциденти.

- Идентификувавме бројни инциденти каде што ФБИ не реагираше соодветно на наводите за злоупотреба на деца, посочи Хоровиц.

Тој како пример го наведе инцидент во кој ФБИ доби наводи за злоупотреба од регистриран сексуален престапник, но „не презеде соодветни истражни дејствија повеќе од една година“. Осомничениот во тој период наводно малтретирал уште едно дете. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан