• сабота, 31 август 2024

Милановиќ: Власта во Србија се вооружува за фиктивна војна

Милановиќ: Власта во Србија се вооружува за фиктивна војна

Загреб, 30 август 2024 (МИА) – Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека српската власт се вооружува за една недела фиктивна војна, што никогаш нема да се случи.

- Србија ќе купи (француски авиони) „Рафал“, исто како што купува француски противвоздушни системи, како и првокласни кинески и руски тактички, можеби најдобри во светот. Ние немаме ништо од тоа. Имате власт во Србија, која всушност се вооружува за една недела фиктивна војна која никогаш нема да избие, истакна Милановиќ, одговарајќи на прашање за договорот на Србија со Франција за купување на 12 нови повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ за 2,7 милијарди евра.

Тој додаде дека и Хрватска „подеднакво се вооружува“.

Во 2021 година, Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 користени борбени авиони „Рафал“ за 1,13 милијарди евра. Првите шест авиони и беа испорачани на Хрватска во април годинава, додека останатите се очекуваат на почетокот на следната година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан