• сабота, 31 август 2024

Милановиќ: Без договор нема воведување на задолжителен воен рок

Милановиќ: Без договор нема воведување на задолжителен воен рок

Загреб, 30 август 2024 (МИА) – Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека нема воведување на задолжителен воен рок без договор.

- Јас сум претседател на Републиката и врховен командант и ќе бидам уште пет години и без врховниот командант не треба да се навлегува во такви работи, истакна Милановиќ по повод најавата на министерот за одбрана Иван Анушиќ дека од 1 јануари следната година во Хрватска ќе биде задолжителен воениот рок.

Милановиќ тврди дека за враќањето на задолжителниот воен рок дознал од медиумите.

- Тоа покажува несериозност, тенденција за целосно експериментирање надвор од уставната рамка. Тоа е еден од показателите за тоа како (премиерот) Андреј Пленковиќ го толкува Уставот и како мисли да го спроведува, истакна Милановиќ. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан