МИА со демант за наводно интервју со Тимчо Муцунски
- Медиумската информативна агенција - МИА демантира дека објавила интервју со министерот за надворшни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како што е пренесено на некои социјални мрежи. Притоа се злоупотребени името на Агенцијата, која е прикажана со видоизменето лого, како и фотографии на МИА.
Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Медиумската информативна агенција - МИА демантира дека објавила интервју со министерот за надворшни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како што е пренесено на некои социјални мрежи. Притоа се злоупотребени името на Агенцијата, која е прикажана со видоизменето лого, како и фотографии на МИА.
Наводното интервју за МИА како што лажно е прикажано го направила новинарката Ана Зафирова, која исто така реагираше за оваа злоупотреба и измама во интернет просторот.миа/