• понеделник, 13 јули 2026

Меџити: Четири дена книга, култура и албански јазик во Скопје

Меџити: Четири дена книга, култура и албански јазик во Скопје

Скопје, 7 јуни 2026 (МИА) - Со завршната церемонија одржана на плоштадот „Скендербег“, денеска успешно заврши првото издание на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, настан што четири дена по ред го претвори Скопје во центар на книгата, културата и албанскиот јазик, соошти Општина Чаир.

Саемот обедини десетици издавачки куќи, автори, истражувачи и љубители на книгата од Северна Македонија, Косово и Албанија, носејќи илјадници наслови, книжевни промоции, дискусии и културни содржини кои го збогатија културниот живот на градот.

-Четири дена по ред, Скопје живееше со книгата, културата и албанскиот јазик. Овој саем покажа дека постои голем интерес за книгата и дека културата останува една од најсилните врски што нѐ обединува како општество. Горди сме што ги поставивме темелите на една нова културна традиција, која ќе продолжи да расте и во годините што следуваат, истакна градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026 беше организиран во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, претставувајќи значаен чекор во промоцијата на културата на читање, албанската книга и создавањето нови простори за знаење и култура. нд/

Фото: Општина Чаир

Можно е и ова да ти се допаѓа