• сабота, 31 август 2024

Меѓународна конференција „Дигитално граѓанско општество“

Меѓународна конференција „Дигитално граѓанско општество“

Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) - На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ќе се одржи Интернационална конференција: „Дигитално граѓанско општество“.

На конференцијата излагање ќе имаат експерти од Шпанија, Италија, Хрватска, Србија и Северна Македонија.

-Седумнаесет говорници меѓу кои универзитетски професори, основачи на бизниси и медиуми, раководители на стартапи, и претставници од непрофитни организации, ќе зборуваат на теми како дигитализација, виртуелна реалност, креативноста во служба на креирање социјални промени, визуелно раскажување приказни, социјални иновации како апликации и софтверски решенија, електронски продавници. Сето ова ќе го носи предзнакот дигитална трансформација на непрофитниот сектор со цел постигнување поквалитетен социјален импакт, велат организаторите.

Овој настан се организира во рамки на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од Europe for Citizens програмата, а спроведуван од Порака Нова во соработка со Општина Охрид. сст/са/

Остани поврзан