• четврток, 29 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Во Скопје вчера во 19.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(27) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

На 28.08.2024 во 16.35 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(20) од с.Батинци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.08.2024 во 22.00 часот полициски  службеници од  ОВР  Неготино, на улица „11-ти Октомври“ во Демир Капија го лишиле од слобода Б.А.(28) од Неготино, затоа што кај него при извршен преглед пронашле марихуана и бела прашкаста материја.  Б.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.08.2024 во 22:30 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово на локалниот  пат од  с. Челопек кон с. Стримница  ги лишиле од слобода Б.И. (28) и Р.И. (23), двајцата од с. Милетино, кои биле во патничко возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички. При извршен површен преглед, кај нив е пронајдена марихуана. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 28.08.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека на локалниот пат с.Мороишта кон с.Волино, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(69) од с.Требеништа, охридско и патничко возило „фолксваген транспортер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(37) од с.Могорче, дебарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил сопатникот Г.М.(50) од с.Требеништа, охридско, констатирани во Медицинскиот центар Струга и Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

На 28.08.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ул.„Корчуланска“ во Ресен патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(67) од Ресен, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

Во текот на вчерашниот ден (28.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 115 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 56 возачи. Од нив, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возачи возеле без возачка дозвола, 11 возачи имале несоодветна категорија, четири мотоцикли не биле регистрирани, три возачи не носеле со себе сообраќајна дозвола, еден возач бил под дејство на алкохол, еден не застанал на даден знак СТОП...

На 28.08.2024 во 21.18 часот во Полициската станица Кочани, било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(29) од с.Крупиште излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Денеска (29.08.2024) во 03.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Љ.(57) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ш.С.(46) од с.Мала Речица-тетовско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Hа 28.08.2024 во 22.45 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е малолетно лице. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл. 418-б ст.4, а во врска со ст.2 од КЗ, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.

На 28.08.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во Струмица, на крстосница од ул. „Агро берза“ и локален пат за село Просениково, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42) од Штип, и патничко возило „дфск“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Просениково, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „тико“ Б.И.(44), Р.И.(73) и М.И.(23), сите од Штип. Повредите биле констатирани од страна на лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 29.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 04.55 часот на улица ,,Андон Шурков" во Велес, мотоцикл „пијаџо беверли" со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.И.(24) од Велес, удрил во пешакот Т.А.П (58) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан