• сабота, 31 август 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - На 29.08.2024 во 22 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(21) од Струмица.

При преглед на патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А., биле пронајдени најлонски пакувања со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.08.2024 во 14.00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од с. Градец, гостиварско, поради сомнение дека на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева.

По целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.В.(33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривини дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „спречување на докажување“ и К.В.(29) од Охрид,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Полициски службеници при СВР Охрид извршиле преглед над пријавените, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а при прегледот првопријавениот се обидел дел да сокрие кај второпријавената, додека при претрес во домот и возилото на првопријавениот бил пронајден и одземен кокаин.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Дебар, поднесе кривична пријава против А.А.(46) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.

Пријавениот на 14.08.2024 по претходна физичка пресметка со Е.К., го одзел патничкото возило „шкода фабиа“, сопственост на пријавителот, а подоцна го запалил.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(68) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот, на имот во Струга, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил приземен деловен објект.

На 30.08.2024 во 00.40 часот во  ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.К.(38) од Прилеп, сопственик на рингишпил во Кавадарци, по претходно пријавен настан од болницата во Кавадарци, каде, според пријавеното, бил донесен малолетник, врз кој, додека бил на рингишпилот во Кавадарци, паднал метален предмет од рингишпилот и малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (30.08.2024) во 02.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар на патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М. и патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.С. од Прилеп.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид од страна на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, В.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 28.08.2024 околу 23.20 часот на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
       
На 29.08.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, 73-годишна жена пријавила дека на 26.08.2024 околу 17.30 часот во семејниот дом во Скопје била физички нападната од нејзината ќерка Л.С.(49) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје Г.И.(31) од Тетово пријавил дека околу 16.00 часот на паркинг простор пред Казнено поправната установа Идризово, додека се враќал во установата каде издржува затворска казна од фурна во скопско, каде бил работно анагажиран, бил физички нападнат од С. „Н“ и уште едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2024 околу 12.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.У.(53) од Скопје пријавил дека го пронашол А.Х.(12), кој му е доделен на згрижување, а кој на 28.08.2024 пријавил дека се оддалечил од домот.
       
На 29.08.2024 во 17.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба О.С.(50) од Скопје додека возел велосипед му се слошило и паднал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен  обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 29.08.2024 во 22.40 часот во СВР Битола Ј.С.(52) од Битола пријавил дека на ул.„Гоце Делчев” во с.Кравари, битолско, бил каснат од куче скитник.  

На 29.08.2024 во 19.30 часот во ОВР Кочани, од Итната медицинска помош Кочани, било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Б.Ц.(53) од с.Мојанци, кочанско.

Според пријавеното таа се здобила со повредите при извршување работни задачи  во фирма во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани и за настанот бил известен трудов инспектор.
       
На 28.08.2024 во 01.00 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека во Градскиот парк во Берово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(27), Т.Б.(27) од една страна и С.С.(23) и Х.Р.(19) од друга страна, сите од Берово.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (30.08.2024) во 05.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар на мотоцикл, а од огнот биле оштетени и канти за смет и ограда на објект.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна единица Скопје. Повредени лица нема. Се преземааат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево, поднесе кривична пријава против В.Ш. од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 01.07.2024 во с.Пуста Река, крушевско, пријавената го истурила пепелникот од шпоретот за дрва во дворот од куќата и предизвикала пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил стара куќа, сопственост на Д.Б. и С.Б., како и борова шума над с.Пуста Река.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(67) од с.Тработивиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 30.05.2024 пријавениот преку мобилна апликација, испраќал пораки со заканувачка содржина кон судија при Основен суд во Берово. сст/
 

 

 

 

Остани поврзан