• сабота, 23 ноември 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - На 21.09.2024 во 16.30 и во 17 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Х.И.(56) и А.К.(43), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение дека се извршители на кражба пријавена од Н.И.(43) од с.Добри дол, при што биле украдени повеќе предмети. Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. Х.И. и А.К. се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. 

На 21.09.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, М.Л.(37) од Скопје пријавил дека неговото патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано во двор на фирма на подрачјето на Чаир, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Увид бил извршен и зрното било подигнато за понатамошна пстапка. Се работи на расчистување на случајот. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против П.А.(53) од с.Чешиново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.03.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми со калибар 12 милиметри за ловечки пушки. 

На 22.09.2024 во 02.40 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ѓ.(36) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 22.09.2024 во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т.(49) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен. 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.А. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 04.09.2024 околу 18.00 часот на регионалниот пат Кичево - Македонски Брод, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија, по што веднаш бил лишен од слобода. 

На 21.09.2024 во 10.35 часот во ОВР Виница, вработен во музеј „Теракота“ - Виница пријавил дека во близина на с.Грљани, Виничко, било извршено ископување на археолошки локалитет. По овластување на јавен обвинител, увидна екипа извршила увид и било утврдено дека во периодот од 19.09. до 21.09.2024 бил извршен ископ на место викано „Могила“ на старо римска гробница во близина на с.Грљани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

На 21.09.2024 во 10.40 часот во СВР Скопје, А.Р.(48) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Настанот бил расчистен и соодветни поднесоци биле поднесени против Б.Б.(21) и еден малолетник, двајцата од Скопје.

На 22.09,2024 во 00.30 часот во СВР Скопје, М.Л.(37) од Скопје пријавил дека на 21.09.2024 околу 19.00 часот бил физички нападнат од сопствениците на фирмата во која работел во с.Ржаничино, Скопско. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.М.(63) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 06.09.2024 , пријавениот во трактор натоварил ѓубре, по што го исфрлил на нива и го запалил. 

На 22.09.2024 во 00.50 часот во СВР Скопје, К.С.(35) од Скопје пријавила дека на 21.09.2024 околу 22.35 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од А.Т.(36) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 15.02.2024, пријавениот контактирал едно лице кое се занимавало со градежништво, лажно се претставил како лице од друга фирма и му понудил компензација на железо. Тие се договориле и на денот на доставата оштетениот му ги дал парите на друго лице, по што заминал да го земе железото. Меѓутоа, возачот на камионот му кажал дека не може да му го даде железото додека не му плати, по што сфатил дека е измамен и настанот го пријавил. 

На 21.09.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје, П.Н. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП на подрачје на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници. Се работи на расчистување на случајот. 

На 21.09.2024 во СВР Скопје, 26 – годишна девојка од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзината 68 – годишна баба. Се преземаат мерки зарасчистување на случајот. 

На 21.09.2024 во 11.00 часот во СВР Велес О.Г.(50) од Велес пријавил дека на локалниот пат Велес - село Раштани бил каснат од куче скитник.  

На 21.09.2024 во 12.35 часот, Ј.П.(60) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Рудничка“ во Кичево бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан