• среда, 28 август 2024

Масакр во супермаркет во Бафало

Масакр во супермаркет во Бафало
Вашингтон, 15 мај 2022 (МИА) – Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека масакрот во Бафало ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“. Напаѓачот, 18-годишно бело момче отвори оган во супермаркет, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца. Единаесет од жртвите се Афроамериканци. Напаѓачот кој му се предаде на полицијата и е во притвор, не е од Бафало и до супермаркетот, според полицијата возел со часови. Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот е Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало. Напаѓачот објавил „манифест“ на интернет, а нападот го пренесувал на „Твич“ (Twitch), социјална мрежа за емитување во живо (стриминг) на видеосодржини. ми/

Остани поврзан