• сабота, 31 август 2024

Макрон ја заврши посетата на Србија

Макрон ја заврши посетата на Србија

Белград, 30 август 2024 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на белградскиот аеродром го испрати својот француски колега Емануел Макрон, кој беше во дводневна посета на Србија, јави Бета.

Двајцата претседатели дојдоа на аеродромот „Никола Тесла“ од Нови Сад, каде ги посетија галеријата Матица Српска и Форумот за млади и вештачка интелигенција, организиран од француската компанија „Шнајдер електрик“.

„Франција е пријател на Србија и јас лично сум пријател на Србија. Имаме разговори на стратешко ниво во сите области, економски, културни. Мислам дека успеавме (за време на посетата) суштински да ги подобриме односите меѓу Франција и Србија“, рече Макрон на аеродромот.

Вучиќ му се заблагодари на Макрон за посетата на Србија.

Макрон и Вучиќ присуствуваа на потпишувањето на 12 билатерални договори и договори, од кои едниот е за продажба на Србија на 12 нови француски повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ за 2,7 милијарди евра, а другиот за проценка на потенцијалот за развојот на нуклеарната програма во Србија.

Потпишани се и договори во областа на земјоделството, екологијата, градежништвото, рударството, здравството, науката и технолошкиот развој, туризмот и телекомуникациите.зш/
фото ЕПА

Остани поврзан