• сабота, 31 август 2024

Македонски весник „Илинден“ стана дел од платформата за вести vesti.mk

Македонски весник „Илинден“ стана дел од платформата за вести vesti.mk

Дебар, 9 јули 2023 (МИА) - Македонски весник „Илинден“ стана дел од најголемата платформа за вести vesti.mk, што е  агрегатор на најнови вести од 150 македонски веб сајтови, рече за МИА, Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник.

Додава дека сега весникот ќе биде уште поблиску до читателите и нагласува дека „Илинден“ е прв весник на Македонците од Република Албанија и Балканот што е дел од оваа платформа за вести, за што се многу благодарни.

Потсетува дека првиот број весникот беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во „изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и во Македонија и кај сите Македонци во соседството и диаспора“.

- Сега, можноста е многу поголема и се она што објавува весникот а се активности на Македонците во Република Албанија, ќе може да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се. Весникот е на македонското друштво „Илинден“,-Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија, посочува тој.

Весникот досега има испечатено повеќе од 50 изданија, а почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија тој е и со електронско издание www.vesnik-ilinden.com.

Истата година, од септември 2017 е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од grid.mk и daily.mk. вт/цр

Фото:МИА

 

 

Остани поврзан