• понеделник, 26 август 2024

Македонска државјанка уапсена во Косово поради измама

Македонска државјанка уапсена во Косово поради измама

Приштина, 26 август 2024 (МИА) – Косовската полиција соопшти дека во неделата уапсила државјанка на Северна Македонија, под сомнение за измама, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека осомничената измамила лице во врска со одредена исплата на 12 јули во градот Подујево.

„На 25.08.2024 година, уапсена е осомничена жена, државјанка на Северна Македонија, која ја измамила жртвата од машки пол, Косовар, во врска со исплата“, се вели во соопштението.

По налог на надлежен обвинител, на осомничената ѝ е одредена мерка притвор.иа/

Фптп: МИА архива

Остани поврзан