• сабота, 31 август 2024

Лула да Силва го повика венецуелскиот претседател да ги почитува резултатите од изборите во недела

Лула да Силва го повика венецуелскиот претседател да ги почитува резултатите од изборите во недела

Бразилија, 22 јули 2024 (МИА) – Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска го повика венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ги почитува резултатите од претседателските избори во неделата, додавајќи дека е „преплашен“ од тоа што Мадуро спомнува можно постизборно крвопролевање.

- Мадуро знае дека единствената шанса Венецуела да се врати во нормала е да има изборен процес што сите ќе го почитуваат, изјави Лула пред новинарите во претседателската резиденција во Бразилија.

- Тој мора да го почитува демократскиот процес … Се уплашив од изјавата на Мадуро дека ќе има крвопролевање ако изгуби. Кога ќе изгубите, одите дома и се подготвувате да се кандидирате на нови избори, додаде Лула.

Мадуро е на власт во Венецуела од 2013 година, откако ја презеде функцијата по смртта на претходникот и ментор Уго Чавез. Тој победуваше на избори за кои неговите противници сметаа дека не се слободни и фер. Неговиот реизбор во 2018 година се сметаше за незаконски, бидејќи на најголемите опозициски партии и кандидати им беше забрането да учествуваат.

Претседателските избори во Венецуела се закажани за недела, 28 јули, на кои ќе се избере претседател со шестгодишен мандат кој ќе почне на 10 јануари 2025 година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан