• сабота, 31 август 2024

Лефков: Кој се престојувал во луксузниот трособен стан во Виена со поранешната министерка Костадиновска-Стојчевска

Лефков: Кој се престојувал во луксузниот трособен стан во Виена со поранешната министерка Костадиновска-Стојчевска

Скопје, 29 август 2024

 

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
ГОВОРНИК: Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Кој се престојувал во луксузниот трособен стан во Виена со Бисера Антоанета, ја водела ли и другарката на државен трошок на шетање?

 

Почитувани,

 

Бисера Антоанета призна дека изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи, за 1200 евра со поглед на виенскиот парк.

Плаќањето преку апликацијата Букинг го објавивме вчера, а денес објавуваме кој го резервирал станот за Антоанета и на чие име е резервацијата.

Ова е првата страна од копијата од резервацијата која лично Антоанета ја поднела во Министерството за култура со цел да ги оправда потрошени пари од службената картичка. А на резервацијата се гледа дека е направена од Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола, другарка на Бисера Антоанета.

Се поставува прашањето дали Бисера Антоанета изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи наместо хотел кој е далеку поевтин, за со неа да ја шета и нејзината другарка со народни пари?

Зошто Бисера Антоанета службената картичка си ја користела за приватни прошетки и забава?

Кој се патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој се спиел во луксузниот трособен стан?

Утре продолжуваме со нови детали за патувањето на Антоанета во Виена и трошењето народни пари.

 

Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан