• сабота, 31 август 2024

Лапид: Нетанјаху беше предупреден дека Хамас планира да го нападне Израел

Лапид: Нетанјаху беше предупреден дека Хамас планира да го нападне Израел

Тел Авив, 29 август 2024 (МИА) – Опозицискиот лидер Јаир Лапид денеска изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху бил предупреден дека Хамас планира напад врз Израел.

Тој ги демантира наводите на Нетанјаху дека Владата не била информирана за намерите на Хамас.

- Навистина беше информирано. Јас бев информиран … Беше јасно што тие (Хамас) сакаат, посочи Лапид, додавајќи дека разузнавачкиот материјал што тој го видел го виделе и премиерот и министрите.

Тој наведе дека на безбедносниот брифинг на 21 август 2003 година воениот советник генерал-мајор Ави Гил бил загрижен поради „оската на злото“ на Иран на фронтовите во Либан, Појасот Газа и Западен Брег. Но, оти таквата информација за Нетанјаху била „досадна“ и не ја коментирал.

Десничарската партија на Нетанјаху, Ликуд одговори на обвинувањата на Лапид.

Јаир Лапи повторно лаже, се наведува во партиското соопштение, при што се додава дека Нетанјаху не бил предупреден за нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан