• петок, 30 август 2024

Кулеба апелира за побрза испорака на системите за противвоздушна одбрана

Кулеба апелира за побрза испорака на системите за противвоздушна одбрана

Брисел, 29 август 2024 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска изјави дека сојузниците на Украина мора да направат повеќе кога станува збор за испорака на ветените системи за противвоздушна одбрана, со цел да го заштитат украинскиот воздушен простор од руски напади.

- Постигнат е добар напредок и објавени се соопштенија, но повторно, некои системи Патриот се најавени и сè уште не се испорачани, истакна Кулеба пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Кулеба апелира за побрза испорака, особено поради почетокот на новата учебна година и неопходноста од заштита на децата. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан